Европска вечер на Охридско лето со Пабло Бараган и Елоиз Бела Кон

Во рамките на фестивалот Охридско лето вечер во 21 часот во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи ЕУ-вечер, а ќе настапат Пабло Бараган, на кларинет и Елоиз Бела Кон на пијано. Тое ќе изведат дела од Месажер, Албениц, Пуланк, Де Фаља и од Вебер.

Роден е во Андалузија, а живее во Берлин. Пабло Бараган отсекогаш огромно значење придавал на интеракцијата помеѓу музичарите за време на заедничкото музицирање, сметајќи дека токму таа симбиоза помеѓу нив е идеалот при интерпретацијата на музичките дела. Од оваа појдовна точка тој ги креира своите соло настапи со оркестар кои помеѓу другите ги вклучуваат Симфониските оркестри во Базел и Хамбург, Симфонискиот оркестар на Шпанската РТВ, Словачката филхармонија, но така ги гради и соработките во светот на камерната музика кои ги реализира на фестивалот „Шлезвиг-Холштајн“ и други. Студирал на Конзерваториумот во Севилја во класата на Антонио Салгуеро, а се усовршувал кај Матиас Гландер на академијата „Баренбоим-Саид“ во Севилја. Се стекнува со непроценливо искуство свирејќи во оркестарот „Запад-Исток“ основан од Даниел Баренбоим. Во 2011 година е добитник на наградите на Музичката младина на Шпанија како и Европската награда за млади музичари.

Елоиз Бела Кон е родена во Париз во 1991 година. Го започнала музичкото образование на четиригодишна возраст во школата „Јамаха“, а продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Мишел Бероф, Ерик ле Саж, Давид Фре и Пјер-Лорен Аимар. Се усовршува на Универзитетите во Фрајбург и Виена со Лилја Зилберштајн. За време на студиите посетува мајсторски класови кај Алдо Чиколини, Дмитри Башкиров, Томас Адес, Роберт Левин, Кристијан Закаријас и Андраш Шиф. Во 2016 година Бела Кон се закити со наградата за Млад уметник на годината од списанието „Дијапазон“, а од 2018 година е и официјален уметник под закрила на брендот „Јамаха“ а овие две признанија како и длабочината на нејзината музикалност ѝ помагаат нејзината кариера да се придвижи во нагорна линија. Заедно со виолинистот Кристоф Конц го основа фестивалот „Европски денови на музиката“ во Хајделберг, а како солист и камерен музичар настапува на многу престижни подиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни