Европратеничката Ирена Јовева за „Данас“: Српските студенти се добро организирани

„Мислам дека студентските иницијативи покажуваат напредок. Тоа е добро. Студентите се добро организирани“ вели Јовева

Церемонијата на доделување на наградата Сахаров за 2025 година се одржа денес во Европскиот парламент во Стразбур. Српските студенти се меѓу финалистите, а европратеничката Ирена Јовева за „Данас“ вели дека нивниот пласман во финалето е доказ дека студентската борба во Србија е во согласност со ставовите и идеалите на Европската Унија.

„Мислам дека сите финалисти апсолутно заслужено стигнаа до финалето, им честитам апсолутно на сите, особено на српските студенти, бидејќи мислам дека заслужуваат нивната борба за демократија и против автократијата да биде видена и слушната, а ова е уште една можност за тоа. Српските студенти се борат за истите вредности и принципи за кои ние се бориме и се залагаме, во Европскиот парламент, но и во Европската унија“, истакнува Јовева за српскиот весник „Данас“.

Зборувајќи за студентската иницијатива во Србија да се среќаваат со граѓаните „од врата до врата“ и да продолжат да бараат избори – таа апсолутно ги поддржува.

„Мислам дека студентските иницијативи покажуваат напредок. Тоа е добро. Студентите се добро организирани, најважно е што не се спуштаат на нивото – а за мене тоа не е ни ниво, туку дното – што го гледаме од режимот. Не би сакала да се мешам во внатрешните работи на Србија, тоа е прашање на граѓаните, но граѓаните всушност кажаа и покажаа што сакаат, па затоа би било соодветно да се почитува тоа“, истакнува Јовева.

Сепак, додава таа, изборите како такви пред сè мора да бидат фер.

„Тоа е првиот и единствен услов. Треба да стигнеме таму, а студентите работат напорно и одлично е што одат од врата до врата и разговараат со граѓаните за да покажат дека она за што се борат е единственото правилно нешто“, рече европратеничката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни