Европратеничката Ирена Јовева ја посети Дијана Хрка (ВИДЕО)

Посетата на европратеничката Ирена Јовева на мајката на починатото момече Дијана Хрка, беше поздравена со бројни аплаузи

Европратеничката Ирена Јовева, со македонско потекло, вечерва ја посети Дијана Хрка, која се наоѓа во шатор во близина на српскиот Парламент, на аголот од булеварите Таковска и Краља Александра.

„Дојдов да ја изразам мојата поддршка“, и рече таа на Дијана Хрка.

„Значи, знаете дека сум тука“, додаде таа.

Собраните граѓани ја поздравија европратеничката со аплауз и извици „Браво“.

Мајка на младото момче кое почина при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад минатиот ноември, го прекина штрајкот со глад што го започна пред 16 дена.

Таа рече дека ќе остане во Собранието на Србија и дека ги поканува студентите и граѓаните да разговараат за понатамошните чекори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни