Агенцијата Europol предупреди дека војната на блискиот исток може да има директни последици врз безбедноста на Европскта унија, вклучително и зголемени закани од тероризам, организиран криминал, насилен екстремизам и сајбер напади.
Според европската полициска агенција, ескалацијата на конфликтот би можела да доведе до повеќе напади врз критична инфраструктура во Европа, но и до пораст на онлајн измами кои користат сè пософистицирана вештачка интелигенција.
Портпаролот на Европол изјави дека постои ризик групи поврзани со Иран да се обидат да организираат „дестабилизирачки активности“ во рамки на Европската унија.
Тој посочи дека станува збор за мрежи блиски до таканаречената „Оска на отпорот“, која ги опфаќа вооружените групи во Ирак, Либан и Јемен, а кои се спротивставуваат на САД и Израел
Според проценките на Европол, ваквите активности би можеле да вклучуваат терористички напади, кампањи за заплашување, финансирање тероризам и сајбер криминал.
„Нивото на закана од тероризам и насилен екстремизам во ЕУ се смета за високо“, предупреди Орт, додавајќи дека дополнителен ризик претставуваат поединци или мали ќелии кои можат самостојно да извршат напади.
Европол предупредува и на улогата на интернетот, нагласувајќи дека брзото ширење поларизирачки содржини на социјалните мрежи може дополнително да го забрза процесот на радикализација кај дел од дијаспорските заедници во Европа.