Европјаните живеат подолго, но не сите уживаат подеднакво во долг живот

Просечниот животен век во Европа продолжува да расте, но регионалните разлики се големи. Најдолг живот се бележи во Северна Италија, Швајцарија и Шпанија, додека во Источна Германија и Белгија растот е успорен поради нездрав начин на живот.

Во последните децении, просечниот животен век во Европа значително се зголеми, благодарение на напредокот во медицината и поголемата свест за здрав начин на живот. Контролата на заразните болести и подобрувањето на третманот на кардиоваскуларни заболувања придонесоа за овој цивилизациски здравствен скок.

Сепак, податоците покажуваат дека не сите региони се еднакви. Истражувањата објавени во 2026 година во Nature Communications опфатија 450 региони во Западна Европа од 1992 до 2019 година, заклучувајќи дека просечниот животен век расте во одредени области, додека во други стагнира.

Региони со најдолг животен век

Најголем раст е забележан во Северна Италија (Ломбардија и Емилија-Романја), Швајцарија (гранични региони) и Шпанија (Баскија, Навара и Риоха)

Во овие области, просечниот животен век во 2019 година изнесувал 83 години кај мажите и 87 години кај жените, со просечен годишен раст од околу 2,5 месеци за мажи и 1,5 месеци за жени.

Региони каде растот застанува

Од 2005 година, растот на животниот век е успорен во Источна Германија, Валонија и Белгија

Главната причина е висока стапка на смртност помеѓу 55 и 74 години, предизвикана од прекумерна консумација на алкохол, пушење и нездрава исхрана.

Клучни фактори за подолг живот: Здрава исхрана и физичка активност, rедовни медицински прегледи, контрола на стресот и менталното здравје и генетски предиспозиции


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни