Европејците го избраа превозното средство на иднината: Тоа е одржливо, евтино и e соодветна замена за авионите и автомобилите

Новите податоци покажуваат растечки интерес за железницата, при што граѓаните се подготвени да прифатат повисоки цени и поголеми јавни инвестиции.

Воздушниот сообраќај ќе стагнира во наредните години, додека железничкиот сообраќај во Европа доживува силен раст, според новото истражување на „Хитачи Реил“. Во анкета спроведена меѓу 11.000 испитаници, речиси половина од нив рекле дека во следните пет години планираат почесто да го користат возот, а поретко авионот. Само два проценти од анкетираните очекуваат да летаат повеќе во тој период.

Овој тренд е поткрепен со фактот дека железничкиот транспорт веќе сочинува речиси една третина (29 проценти) од сите долги патувања, дефинирани како патувања подолги од 2,5 часа. На годишна основа, една третина од испитаниците очекуваат почесто да го користат возот, додека во урбаните средини овој број се зголемува на 49 проценти кога се гледа во период од пет години. За споредба, очекуваниот раст на употребата на приватни автомобили е половина од растот на железничкиот транспорт.

Особено е интересно да се забележи дека две третини од Европејците поддржуваат законски мерки со кои би се забраниле летовите на кратки релации доколку постои брза железничка врска за истата рута. Оваа поддршка се зголемува на 67 проценти во земјите со поразвиени мрежи за брза железница. Франција веќе воведе таква забрана, додека Шпанија разгледува слични чекори. Во обете земји, повеќе од двојно повеќе испитаници ја поддржуваат забраната во споредба со оние кои се противат на неа, а повеќето од нив изразуваат и подготвеност за дополнителни, построги мерки.

Железница – симбол на нова мобилност

Во сите анкетирани земји, мнозинството граѓани ги поддржуваат инвестициите во нова железничка инфраструктура, дури и ако тоа значи зголемување на даноците за воздушен или патен транспорт. Граѓаните ги наведуваат застојот, цените и поврзаноста како клучни пречки за почесто користење на јавниот превоз.

Сепак, повеќе од 70 проценти од испитаниците рекле дека би го користеле јавниот превоз почесто доколку е подобро поврзан, а повеќе од половина доколку е поскап отколку што е сега.

„Граѓаните очекуваат користењето на железницата да се зголеми повеќе од која било друга форма на транспорт во следните пет години и ги поддржуваат владините мерки за да се овозможи ова. Индустријата има клучна можност да одговори на ова барање и да го предводи преминот кон одржлива мобилност“, рече Едоардо Ла Фикара, главен директор за пазарот на „Хитачи Реил“.

Резултатите од ова истражување потврдуваат дека интересот на граѓаните за одржливи и практични форми на патување расте, особено во контекст на климатските предизвици и зголемените инвестиции во зелена инфраструктура. Се чини дека железницата станува симбол на новата мобилност во Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни