Европа возвраќа: Брисел подготвува царини и ограничувања за извозот во САД

Европската комисија објави план за воведување дополнителни царини на увозот од САД во вредност од околу 95 милијарди евра, доколку преговорите со Вашингтон не резултираат со решение за тековниот трговски спор.

Во објавениот список на целни производи се вклучени индустриски и земјоделски производи, со што се сигнализира подготвеноста на ЕУ за економски противмерки.

Покрај тоа, Комисијата се консултира со земјите членки за можни ограничувања на извозот на одредени видови челичен отпад и хемиски производи од ЕУ кон САД, во вредност од 4,4 милијарди евра.

„ЕУ останува целосно посветена на постигнување договорено решение со САД“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа додаде дека Брисел верува во можноста за постигнување фер договори кои ќе бидат од корист за потрошувачите и бизнисите од двете страни на Атлантикот.

„Во исто време, се подготвуваме за сите можни сценарија“, потенцираше фон дер Лајен.

Американскиот претседател Доналд Трамп во април привремено ги замрзна најавените царини за повеќето трговски партнери, вклучително и ЕУ, за период од 90 дена, што го поттикна Брисел да ги одложи планираните контрамерки и да даде простор за продолжување на разговорите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни