Европа станува новата зелена зона: Американските канабис претприемачи ги насочуваат своите инвестиции кон ЕУ

Американските бизнисмени од индустријата за канабис гледаат кон Европа како нова земја на можности, благодарение на поповолните регулативи и значително пониските даноци во споредба со САД. Според Forbes, токму овие фактори ја прават Европската Унија атрактивна дестинација за раст на оваа индустрија, која потенцијално може да прерасне во пазар вреден 50 милијарди долари – бројка што би можела да го надмине американскиот пазар.

Иако САД сè уште се водечки во легализацијата и потрошувачката на канабис, сложените закони и високиот даночен товар ги принудуваат многу претприемачи да бараат нови можности на стариот континент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни