Европа се соочува со рекорден недостиг на лекови

Според извештајот, кризата со недостиг на лекови се влошила и достигнала рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. Причината, велат ревизорите, е отсуството на заедничка рамка и координирани механизми за следење и делување на ниво на цела ЕУ.

Недостигот на лекови со години е постојан проблем во Европската Унија, но и покрај тоа, ЕУ сè уште нема ефикасен систем за справување со овој предизвик, покажува нов извештај на Европскиот суд на ревизори (ЕСА).

Според извештајот, кризата со недостиг на лекови се влошила и достигнала рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. Причината, велат ревизорите, е отсуството на заедничка рамка и координирани механизми за следење и делување на ниво на цела ЕУ.

„Недостигот на лекови е хроничен проблем за ЕУ кој само се влошува. Тоа е сериозна закана за пациентите и здравствените системи, и открива стратегиска ранливост на Унијата во снабдувањето со лекови“, изјави Клаус-Хајнер Лен, претставник на ЕСА.

Меѓу 2022 и октомври 2024 година, националните власти пријавиле 136 критични недостиг на лекови до Европската агенција за лекови (EMA). Само во март оваа година, 34 лекови биле во недостиг – од кои 16 се наоѓаат на листата на „есенцијални лекови“ на Европската комисија.

Недостигот вклучува лекови како амоксицилин, средства против инфаркт (тромболитици), и дури и антидоти за труење со цијанид.

Проблемот со неусогласени податоци

Ревизорите посочуваат дека еден од главните проблеми е фрагментираноста на податоците меѓу земјите членки. Секоја држава има различни правила за тоа кога производителите мора да пријават недостиг на лек.

Пример: во Белгија, компаниите можат да пријават недостиг дури на денот кога лекот ќе стане недостапен, додека во Холандија мораат тоа да го сторат најмалку два месеци однапред.

Ова, во комбинација со доцнење или отсуство на известувања, го прави системот нефункционален. Дури и кога податоците постојат, тие често се доцна или воопшто не се споделуваат со EMA.

Бавен одговор од ЕУ

Европската Унија веќе предложи неколку мерки за подобро справување со недостигот, како што се Листата на критични лекови и новиот Закон за критични лекови.

Но ревизорите предупредуваат: нема механизми за спроведување, ниту санкции за компаниите што не ги исполнуваат обврските за известување.

„Можете да координирате само ако ги имате информациите. Некои држави членки дури и не собираат податоци,“ рече Матијас Блас од ЕСА.

Додека новиот пакет законодавство за фармацевтски производи сè уште се разгледува во Советот, ЕУ нема итно решение за кризата.

Реакција од Европската комисија

Портпарол на Европската комисија изјави:

„Го поздравуваме повикот на Судот за посилен и поефикасен европски систем за спречување на недостиг. Уверени сме дека нашите нови предлози ќе направат суштинска разлика.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни