По неколку недели релативно посвежо време, Европа повторно влегува под влијание на топлотната купола (Heat Dome), што ќе предизвика нов екстремен топлотен бран ширум западна, централна, јужна и источна Европа.
Според метеоролозите, температурите ќе достигнат над 40°C во Франција, Италија и Балканот од крајот на неделава, со можно продолжување и по 15 август.
Топлотниот бран ја зафаќа цела Европа
- Франција и Балканот: темпертури до 42°C
- Шпанија и Португалија: пораст на темпертури до 38–43°C (веќе предизвикале пожари)
- Полска, Унгарија, Србија, Хрватска: температури 12–15°C над просекот
- Западна Турција: до 42°C
- Југоисточна Европа: влошување на сушата
Ирска и Велика Британија ќе бидат поштедени – температурите таму ќе бидат до 22°C.
Пред топлотниот бран, Европа ја зафати невремето Флорис, невообичаено силен атлантски циклон кој донесе ветрови до 180 км/ч во Шкотска. Но, ова беше само кратко освежување.
Што е топлотна купола (Heat Dome)?
Станува збор за стабилен висок воздушен притисок кој „заробува“ жештина под себе, како капак на лонец. Ова води до натпросечни температури кои траат со денови, па и недели.
Здравствени ризици од жештините
Постарите лица, децата и хронично болните се најризични. Работници на отворено (земјоделие, градежништво) се изложени на топлотен удар и сиромашните заедници се најпогодени поради лошите услови за ладење. Можно е зголемување на бројот на срцеви удари, мозочни удари и респираторни проблеми и се советува избегнување на работа на отворено, постојано хидрирање и користење на клима уреди
И покрај некои дождови во претходните недели, ризикот од пожари повторно расте, особено во Португалија, Шпанија, Франција и Балканот.