Европа се подготвува за нов топлотен бран: Температури над 40°C низ Франција, Италија и Балканот

Европа повторно зафатена од екстремен топлотен бран. Температури над 40°C се враќаат во Франција, Италија и Балканот. Топлотна купола предизвикува суши, пожари и здравствени ризици.

По неколку недели релативно посвежо време, Европа повторно влегува под влијание на топлотната купола (Heat Dome), што ќе предизвика нов екстремен топлотен бран ширум западна, централна, јужна и источна Европа.

Според метеоролозите, температурите ќе достигнат над 40°C во Франција, Италија и Балканот од крајот на неделава, со можно продолжување и по 15 август.

Топлотниот бран ја зафаќа цела Европа

  • Франција и Балканот: темпертури до 42°C
  • Шпанија и Португалија: пораст на темпертури до 38–43°C (веќе предизвикале пожари)
  • Полска, Унгарија, Србија, Хрватска: температури 12–15°C над просекот
  • Западна Турција: до 42°C
  • Југоисточна Европа: влошување на сушата

Ирска и Велика Британија ќе бидат поштедени – температурите таму ќе бидат до 22°C.

Пред топлотниот бран, Европа ја зафати невремето Флорис, невообичаено силен атлантски циклон кој донесе ветрови до 180 км/ч во Шкотска. Но, ова беше само кратко освежување.

Што е топлотна купола (Heat Dome)?
Станува збор за стабилен висок воздушен притисок кој „заробува“ жештина под себе, како капак на лонец. Ова води до натпросечни температури кои траат со денови, па и недели.

Здравствени ризици од жештините

Постарите лица, децата и хронично болните се најризични. Работници на отворено (земјоделие, градежништво) се изложени на топлотен удар и сиромашните заедници се најпогодени поради лошите услови за ладење. Можно е зголемување на бројот на срцеви удари, мозочни удари и респираторни проблеми и се советува избегнување на работа на отворено, постојано хидрирање и користење на клима уреди

И покрај некои дождови во претходните недели, ризикот од пожари повторно расте, особено во Португалија, Шпанија, Франција и Балканот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни