Европа претрпела штета од 1,2 билиони евра поради емисиите на стакленички гасови од САД

Нова студија открива дека емисиите на САД предизвикале над 1,2 трилиони евра економска штета во Европа. Експертите предупредуваат дека вистинската цена на климатските промени е уште поголема.
климатстски промени

Европа претрпела економска штета од околу 1,2 билиони евра како последица на децении емисии на стакленички гасови од САД, покажува нова научна анализа објавена во списанието Nature.

Студијата, спроведена од истражувачи од Стенфорд универзитет, проценува дека вкупната глобална економска штета од американските емисии од 1990 година наваму надминува 10 трилиони долари (околу 8,6 трилиони евра).

Иако најголемиот дел од штетата паѓа врз економиите во развој како Бразил и Индија, Европа исто така е меѓу најпогодените региони, со загуби што директно се одразуваат врз бруто-домашниот производ (БДП).

Во периодот од 1980 до 2023 година, екстремните временски настани поврзани со климатските промени веќе предизвикале над 783 милијарди евра штети во Европската унија – тренд што, според научниците, ќе се интензивира.

Клучниот заклучок од истражувањето е дека климатските промени функционираат како „глобален трошок без сметка“, емисиите на една земја создаваат последици за целиот свет. Тоа го отвора прашањето за климатска одговорност и можни механизми за компензација.

Истражувачите ја споредуваат ситуацијата со отпад: како што е незаконски да се фрла ѓубре без последици, така и емисиите на јаглерод диоксид создаваат трошоци што никој директно не ги плаќа – но сите ги чувствуваат.

Дополнително загрижува фактот што овие проценки се сметаат за конзервативни. Во нив не се вклучени загуби како уништување на биодиверзитетот, губење на културни вредности или долгорочни здравствени последици.

Научниците предупредуваат дека идната штета може да достигне и до 64 трилиони долари доколку емисиите продолжат да се задржуваат во атмосферата. Ова ја нагласува итната потреба од технологии за отстранување на јаглерод и побрза енергетска транзиција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни