Европа пред енергетски шок: Ќе има ли прекин на воздушниот сообраќај поради недостиг на гориво?

Европа се соочува со ризик од недостиг на авионско гориво, што може да предизвика прекин на воздушниот сообраќај на почетокот на летото, предупредуваат европски извори.

Европскиот воздушен сообраќај се наоѓа под потенцијална закана од сериозен прекин поради недостиг на авионско гориво, јавуваат европски медиуми повикувајќи се на доверливи извори. Според објави, дел од европските земји располагаат со резерви кои би траеле само околу 8 до 10 дена, додека само две држави имаат доволни залихи за околу 90 дена. Ваквата нерамнотежа создава ризик од нарушување на редовниот авионски сообраќај уште на почетокот на летната сезона.

Во извештаите се наведува дека ситуацијата, која првично се сметала за теоретски ризик, за краток период прераснала во реална закана. Европската Унија увезува околу 43 проценти од авионското гориво од регионот на Персискиот Залив, што дополнително ја зголемува зависноста од геополитички стабилни рути за снабдување.

Брисел, според истите извештаи, се надева дека евентуална стабилизација на односите и прекин на конфликтите во поширокиот регион ќе овозможат непречен проток на енергенси преку клучните трговски рути, меѓу кои и Ормутскиот теснец.

Ако состојбата не се подобри, предупредуваат експертите, Европа би можела да се соочи со ограничувања на летови, зголемени цени на авио-билетите и сериозен притисок врз транспортниот сектор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни