Европа одбележува Ден на модата со фокус на одржливоста и борбата против ултрабрзата мода

На 9 јули, по повод Денот на модата, Europe House Skopje потсети на сериозното влијание што текстилната индустрија го има врз животната средина. Модната индустрија е меѓу најмалку одржливите глобални индустрии, со алармантни податоци за потрошувачка на ресурси и загадување.

За производство на само една маица се потребни околу 2.700 литри вода, а 35% од микропластиката во океаните доаѓа од перење на облека, предупредуваат од Europe House. Во Европската Унија годишно се фрлаат приближно 5 милиони тони текстил, со што модната индустрија станува значителен загадувач на планетата.

Во обид да се стави крај на негативните еколошки последици од таканаречената ултрабрза мода, Францускиот Сенат неодамна изгласа закон кој има за цел да го намали еколошкиот отпечаток на модната индустрија. Законот предвидува мерки за ограничување на прекумерната потрошувачка и поголема поддршка за локалните и одржливи модни брендови, кои сè потешко се справуваат со конкуренцијата од евтин увоз.

Од Europe House упатуваат апел за поодговорен избор на облека, рециклирање, користење на одржливи материјали и поддршка на етички брендови – како чекори кон почиста и поодржлива иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни