Цените на куќите во ЕУ продолжија да растат и во вториот квартал од 2025 година, што претставува седма последователна година со раст. Номинално, цените се зголемија во сите земји од ЕУ, освен во Финска. Прилагодено за инфлација, раст е забележан во 21 од 26 земји.
Иако многу Европејци сè уште се борат да дојдат до сопствен дом, грижата за достапноста не доведе до пад на цените во поголемиот дел од пазарот.
Најголем раст на цени во 2025 година:
Според Евростат, цените на куќите во ЕУ пораснале во просек за 5,4% во вториот квартал од 2025.
Седум земји имале раст поголем од 10% и тоа Португалија: 17,1%, Бугарија: 15,5%, Унгарија: 15,1%, Хрватска: 13,2%, Шпанија: 12,8%, Словачка: 11,3% и Чешка: 10,5%
Финска – единствена со пад на цените
Финска е единствената земја каде цените паднале за 1,3%.
Мал раст (≤1%) е забележан во: Франција: 0,5%, Шведска: 0,7% и Кипар: 1%.
Германија (+3,2%) и Италија (+3,9%) се под просекот на ЕУ.
Турција – најголем раст (според податоци до крајот на 2024)
Номинален раст: 28,5%, а во последните 5 години: 1.175% раст на цени, при инфлација од околу 500%
Реален (инфлациски прилагоден) раст во просек за ЕУ е +2,8%
Најголем реален раст: Португалија: 14,3%, Бугарија: 14,1%, Унгарија и Шпанија: 9,2% и Хрватска: 8,9%
Најголем реален пад: Финска: –2,6%, Шведска: –1,7%, Романија: –1,2%, Франција: –0,1% и Австрија: –0,3%
Долгорочни промени (2020–2025):
Најголем реален раст (последни 5 години): Португалија: +40,6%, Хрватска: +29,9%, Унгарија: +29,4%, Литванија: +28,8%, Бугарија: +25,1%, Естонија: +22,5% и Словенија: +20,3%
Најголем пад го имале Финска: –18%, Романија: –13,7% и Шведска: –10%
Трендови по региони:
Португалија има раст поради странски купувачи, дигитални номади, недостиг на новоградби, Бугарија поради силната побарувачка, економски раст, надежи за влез во еврозоната, Финска е во пад поради рецесија, невработеност, скапи кредити и голем број непродадени станови. Шпанија, Хрватска, Грција бележат раст благодарение на туристи и странски инвеститори.