Европа го доживеа својот најтопол март откако се води метео-евидиција, бидејќи климатските промени продолжуваат да ги зголемуваат температурите на досега незабележани нивоа.
Ова го соопштија научниците од Службата за климатски промени Коперникус (C3S) на Европската унија.
„Минатиот месец беше вториот најтопол март во историјата на планетата, бидејќи беше надминат само од март 2024 година“, се наведува во месечниот билтен на оваа служба, кој го пренесе Ројтерс.
Минатата година беше најтопла на планетата во историјата на мерењата, а просечната глобална температура во март била 1,6 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустријскиот период, се соопштува од C3S.
Главната причина за климатските промени се емисиите на гасови со ефект на стаклена градина како резултат на согорувањето на фосилни горива, велат климатските стручњаци.
Саманта Бурџис, стратешки раководител во Европскиот центар за среднорочни временски прогнози, кој ја управува службата C3S, истакна дека Европа исто така доживеала екстреми во форма на силни дождови и суши.
„Во Европа некои области минатиот месец забележаа најсушен март во историјата, додека некои највлажен март во последните 47 години“, изјави Бурџис.