Европа бара од ОН да ја санкционира Русија за саботажите на сателитски комуникации и воздушната навигација

Летонија, Литванија, Холандија, Полска, Финска, Франција и Естонија, како и Украина, поднесоа жалба до ОН поради руските саботажи на европските сателитски комуникации во која се бара Руската Федерација да запре со саботажите, јавуваат дел од западите медиуми.

Жалбата ќе биде испратена и до Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ), дел од системот на ОН. Обраќањето го поддржаа Велика Британија и уште 17 земји-членки на ЕУ.  Слична жалба од европските земји до ОН имаше и во 2024 година.


Повеќе европски земји лани регистрираа прекини во работата на клучните сателитски оператори Eutelsat (Франција) и SES (Шведска и Луксембург), кои обезбедуваат услуги за радиодифузија, телевизиска комуникација и авијациска навигација. Најсериозниот инцидент се случи лани пролетта кога руската воена пропаганда двапати беше емитувана на каналот BabyTV во Холандија и други европски земји, вклучувајќи и Украина.

Минатогодишната истрага на Eutelsat и SES покажа дека Русија е вмешана во прекините (изворот на нападите биле анектираниот Крим и Калининград). Целта била попречување на работата на украинската телевизија, што се емитува преку двете компании. Прекините во работата на холандската телевизија биле оценети како „споредна штета“. Во ОН Русија негира секакви обвинувања и вмешанпст во овие прекини.

Покрај проблемите во телевизиското емитување, саботажите влијаат и врз навигацијата што е важна за бродскиот сообраќај и авијацијата, се наведува во жалбата. Балтичките земји изјавија дека од септември минатата година имало пречки за околу 30 илјади летови над Балтичкото Море. Ова влијае негативно врз комуникациите и економската активност во регионот, како и безбедноста во транспортот, нагласија тие земји. Според Инспекторатот за животна средина и транспорт на Холандија, во 2023 година пилоти на холандски авиокомпании доставиле 163 извештаи за прекини на комуникациите, а во 2024 година тој број пораснал на 1.318.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни