Во понеделник на 28-ми октомври со почеток во 20 часот во Центарот за култура – Битолитола, концерт ќе одржи Битолскиот дувачки оркестар.
Од оркестарот најавуваат незаборавна музичка вечер на „Евергрин” во Big Band Edition, што е новиот концертен проект на овој веќе препознатлив битолски состав.
На програмата ќе се светски познати инструментални евергрини, како и македонски класици, во изведба на нашиот фантастичен оркестар.
Специјален гостин на вечерта ќе биде пејачката Ана Петановска, која со својот глас ќе внесе дополнителна магија на сцената.
Картите по цена од 300 денари се достапни на билетарата на Центар за култура – Битола.
Концертот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и Центарот за култура – Битола.