Еве што ги разликува Американците од другите луѓе

Можеби изгледа смешно, секојдневно и безопасно, но оваа вообичаена навика го привлекла и вниманието на државната Централната разузнавачка агенција – ЦИА.

Постои појава по којашто луѓето ширум светот ги препознаваат Американците. Тоа е „американското навалување“ – положба кога личноста се потпира на ѕид, ограда и слично, и ја префрла својата телесна тежина на една нога, додека чека или разговара со некого. Можеби изгледа смешно, секојдневно и безопасно, но оваа вообичаена навика го привлекла и вниманието на државната Централната разузнавачка агенција – ЦИА.

Поранешниот шеф на Одделот за маскирање на ЦИА, Џона Мендез открива дека Американците често се и подгрбавени, па американските разузнавачи морале да учат како да стојат поправилно за подобро да се вклопат, на пример во европската средина.

Зошто Американците го прават тоа навалување?

На дискусија на „Редит“, како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот. Некои пак, велат оти, просто, се чувствуваат непријатно додека стојат. Навалувањето наназад, велат, го намалува чувството на вкочанетост и им дава чувство на пристапност и опуштеност.

„Не знаев дека тоа е американска работа, но често се чувствувам чудно кога само стојам во место. Полесно е кога ќе се навалам наназад”; „Кој, по ѓав**ите, стои со двете нозе исправени? Така изгледаш како да си подготвен да се соочиш со бруталната вистина дека си здодевен”; „Ние само сме ‘чил’ (опуштени)“; „Американците се помалку формални, а доброто држење не е нешто што е особено на цена. Само погледнете го Џејмс Дин“ – гласат дел од коментарите.

„Луѓето ги забележуваат Американците поради нивниот нагласок, облеката и манирите, па сè друго – вклучително и навалувањето наназад, им станува уште позабележливо“, ќе рече друг корисник.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни