Во зависност од возраста, просечниот пулс во мирување кај здрави возрасни лица е помеѓу 60 и 80 отчукувања во минута и може да достигне 100, што се смета за горната граница на нормалата.
Над 100 отчукувања во минута во мирување кај здрав возрасен човек може да биде причина за загриженост. Во зависност од возраста, просечниот пулс во мирување е:
Жени: Нормален пулс
18-25 години = 74-78
26-35 години = 73-76
36-45 години = 74-78
46-55 години = 74-77
56-65 години = 74-76
65+ години = 73-76
Мажи: Нормален пулс
18-25 години = 70-73
26-35 години = 71-74
36-45 години = 72-75
46-55 години = 72-76
56-65 години = 72-76
65+ години = 70-73
Спортистите имаат пулс меѓу 40 и 60 отчукувања, како и трудниците, чии отчукувања на срцето во просек се движат од 60 до 70 во минута, а после физичка активност, здравите возрасни луѓе најчесто мерат пулс помеѓу 120 и 150 отчукувања во минута.
Иако постои широк опсег на нормални вредности, кои се разликуваат од личност до личност, невообичаено високата или ниската срцева фрекфенција може да укаже на основниот проблем. Проблемот се јавува ако пулсот во мирување постојано надминува 100 отчукувања во минута, што се нарекува тахикардија, или ако не сте обучен спортист, а пулсот во мирување е под 60 отчукувања во минута, што се нарекува брадикардија.
Доколку се препознаете во овие состојби, особено ако имате други знаци или симптоми како што се: несвестица, вртоглавица или отежнато дишење, задолжително консултирајте се со лекар.