Еве како Кејт Мидлтон успева да изгледа совршено на секоја фотографија: Секој пат блеска затоа што користи едноставен трик за позирање

Принцезата од Велс го знае трикот секогаш да изгледа грациозно на секоја фотографија.

Многу луѓе не сакаат да се фотографираат, веројатно затоа што чувствуваат дека не се задоволни од тоа како изгледаат на фотографиите. Сепак, принцезата Кејт го нема тој проблем – таа секогаш блеска на фотографиите, а изгледа дека има добра причина за тоа.

Имено, кралскиот експерт Миранда Холдер на Тикток откри дека зад беспрекорно фотогеничниот изглед на Кејт се крие одличен трик. Тоа е едноставен трик за позирање кој може да му помогне на секој да изгледа подобро на фотографиите, пишува Mirror.

„Некогаш сте се запрашале како Кејт Мидлтон изгледа толку добро на секоја нејзина фотографија? Затоа што, навистина – таа изгледа совршено на секоја фотографија. Па, принцезата од Велс е медиумски обучена и јас ќе споделам мал трик што таа го користи секој пат, без да пропадне“, рече Холдер.

„Едноставно е научена брадата секогаш да ја држи паралелна со земјата. Не ја спушта, не ја крева – и тоа обезбедува ласкав агол на секоја фотографија“, објасни таа.

Објавата предизвика голем број коментари од кралските фанови, а многумина ги споделија своите размислувања зошто Кејт секогаш изгледа одлично на сликите.

„Изгледа прекрасно затоа што е убава, а кога на тоа ќе се додаде и совршената коса – таа комбинација секогаш изгледа добро“, „Ја видов во живо. Косата и сјае и се движи со таква грациозност“, „Добро држење и добри гени. Таа жена е зашеметувачка“, се дел од коментарите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни