Еве како долговечните луѓе го намалуваат стресот: Тие прават три исти работи секој ден, а едната е одлична за срцето


Овие три едноставни навики – попладневна дремка, чаша вино во друштво и духовна поврзаност – можеби звучат како ситници, но всушност тие се темелите на животниот стил што носи рамнотежа, смиреност и здравје.

Секојдневно се соочуваме со стрес. Некои во поголема мера, други во помала мера. Не е непознато дека стресот е причина за многу болести, особено ако на него се додаде брз и нездрав начин на живот. Сепак, луѓето со најдолг животен век имаат начини што им овозможуваат полесно да се справат со стресот и да имаат квалитетен и долг живот.

Жителите на „Сините зони“ меѓу кои се Икарија (Грција), Лома Линда (Калифорнија), Никоја (Костарика), Окинава (Јапонија) и Сардинија (Италија) се фокусираат на три работи. Според авторот Ден Батнер, кој со години ги проучувал животот и навиките на стогодишниците во овие делови од светот, открил како тие се ослободуваат од стрес.

Дремка – мал ритуал за долговечност

На грчкиот остров Икарија, попладневната дремка не е луксуз – таа е дел од секојдневниот живот. Жителите на овој остров се познати по долгиот и здрав живот, а една од нивните тајни лежи токму во краткиот попладневен одмор. Според Ден Бутнер, истражувач на „сините зони“ – региони каде што луѓето живеат значително подолго од просекот – во текот на попладнето „целото село се смирува“. Улиците стануваат празни, продавниците се затвораат, а луѓето се повлекуваат во своите домови за да се одморат.

    Швајцарска студија покажа дека редовното дремнување може да го намали ризикот од срцеви заболувања и да придонесе за целокупното здравје на срцето. Покрај физичките придобивки, кратката дремка – околу 20 до 30 минути – помага и во намалувањето на стресот, обновувањето на менталната енергија и подобрувањето на расположението. Во Икарија, тоа не е само навика, туку начин на живот што се пренесува од генерација на генерација.

    Среќен час – чаша вино за опуштен ден

    На италијанскиот остров Сардинија, еден од одговорите за секојдневниот стрес е – виното. Но, не било кој. Сардинијците претпочитаат „Канонау“, локална сорта црвено вино богата со антиоксиданси. Нивните „среќни часови“, како што се нарекуваат, не се повод за опивање, туку време за опуштање, дружење и поврзување со семејството и пријателите, обично со лесна вечера или зајдисонце.

      Ден Бутнер истакнува дека ваквите моменти не се исклучок, туку секојдневна рутина за многу жители на Сардинија. Консумирањето вино во умерени количини, една до две чаши дневно, со оброк и во добро друштво, е дел од нивната култура, но и здрав начин на живот. Науката ја поддржува оваа практика: ресвератролот, соединение кое се наоѓа во црвеното вино, е поврзано со намалено воспаление и подобра функција на крвните садови.

      Молитва – мир за душата и телото

      Во адвентистичката заедница во Лома Линда, Калифорнија – уште една од „сините зони“ – молитвата има централно место во секојдневниот живот. За нив, духовната пракса не е само религиозна обврска, туку и моќна алатка за справување со стресот, анксиозноста и животните предизвици.

        Повеќето адвентисти одат во црква секој викенд, но молитвата е присутна и секој ден – како утрински ритуал, вечерна медитација или кратка благодарност за време на оброк. Одењето во црква им обезбедува и важна социјална сидро: време поминато во заедницата, разговор и меѓусебна поддршка. Научните истражувања потврдуваат дека луѓето кои имаат развиена духовна пракса често имаат пониско ниво на стрес, подобра отпорност и генерално живеат позадоволен и подолг живот.

        е-Трн да боцка во твојот инбокс

        Последни колумни