Еве каде оди иранскиот гас и од каде доаѓаат сојата и оризот

Во првите два месеца од иранската календарска година, од 21 март до 21 мај, Иран извезол стока во вкупна вредност од 10,46 милијарди долари, покажуваат податоците на царинската управа.


Вредноста на извезените петрохемиски производи се зголеми за три отсто, на 2,22 милијарди долари.

Главни извозни производи и пазари

Во категоријата „ненафтени производи“ доминираа автогасот и природниот гас, со извоз од 643, односно 455 милиони долари.

Главниот извозен пазар на Иран и оваа пролет беше Кина, со испораки во вредност од 2,43 милијарди долари. Следат Ирак и Обединетите Арапски Емирати со 1,5 и 1,09 милијарди долари, соодветно.

Во истиот период Иран увезе стоки во вредност од 8,47 милијарди долари, што е пад од 7,8 отсто во однос на истиот период минатата година, пишува Техеран Тајмс.

На листата на највредни увозни производи, предничат нерафинираното злато и пченката за добиточна храна, а потоа следат оризот, сончогледовото масло и сојата.

Главни добавувачи на стоки за Иран во овој период беа Обединетите Арапски Емирати и Кина, со вредност на увозот од 2,6 милијарди и 2,2 милијарди долари, соодветно. Следува Турција со 1,37 милијарди долари.

Увоз оствариле и Германија со стоки во вредност од 308 милиони долари и Холандија и Швајцарија со 215, односно 190 милиони долари.

Увоз на пченка и годишни податоци за трговската размена

Во календарската година што заврши на 20 март, вредноста на иранскиот извоз порасна за 15,62 отсто на 57,8 милијарди долари, кога е исклучен извозот на нафта, изјави заменик-шефот на царинската управа Аболфазл Акбарпур.

Вредноста на увозот во истиот период е зголемена за 8,22 отсто, на 72,4 милијарди долари.

Без нафтата, Иран извезувал најмногу природен гас, со просечна царинска вредност од 314 долари за тон.

Кина и минатата година беше главниот извозен пазар на Иран, со испораки во вредност од 14,8 милијарди долари. Следува Ирак со 11,9 милијарди долари.

Главниот увоз на Иран беше пченка за добиточна храна, брашно од соја, генетски модифицирана соја, ориз и сончогледово масло. Меѓу клучните увезени артикли, Tehran Times наведува мобилни телефони, трактори и делови за автомобили.

Главен снабдувач на стоки за Иран минатата година беа исто така Обединетите Арапски Емирати, со стока вредна 21,9 милијарди долари. Потоа следат Кина (19,3 милијарди) и Турција (12,4 милијарди долари).

На четврто место според вредноста на извозот се најде Германија со стоки во вредност од 2,4 милијарди долари.

Без нафта Иран во претходната година забележа трговски дефицит, пред се поради големиот скок на увозот на злато, чија вредност надмина осум милијарди долари, соопшти царинската управа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни