Евакуирани над 4000 жители по големата вулканска ерупција на Исланд

Вулкан на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивни земјотреси, исфрлајќи огромни млазови лава опкружени со разгорени облаци од црвен чад.

„Предупредување: Ерупцијата на вулканот започна северно од Гриндавик кај Хагафел“, објавија од  метеоролошката канцеларија на својата веб-страница .
Ерупцијата започна на неколку километри од Гриндавик, рибарски град кој се  наоѓа околу 40 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик.

Градот со 4.000 жители беше евакуиран во ноември, откако областа беше погодена од „сеизмички рој“ од повеќе од 1.000 мали земјотреси за 24 часа.

Ерупцијата на вулканот  започна околу 22: 17 часот по локално време,  по серијата мали земјотреси околу 21 часот .

Премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир, во изјавата истакна дека нејзините мисли се со жителите на Гриндавик .
„Нашите мисли се со локалното население како и досега, се надеваме на најдоброто, но треба да ни биде јасно дека ова е голема ерупција. Важно е да им се даде простор на одговорните за итни случаи да ја вршат својата работа и да ги следат сообраќајните упатства“.

Помеѓу 100 и 200 кубни метри лава излегувала во секунда, неколку пати повеќе отколку во претходните ерупции во областа, изјави исландскиот сеизмолог Кристин Јонсдотир .

Локалната полиција соопшти дека го подигнала нивото на готовност  како резултат на ерупцијата и цивилната одбрана на земјата ја предупреди јавноста да не се приближува до областа додека персоналот за итни случаи ја проценува ситуацијата.

Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен иако со бројни доцнења на пристигнувањата и полетувањата.

Во последниве години имаше неколку ерупции на полуостровот во ненаселени области, но се верува дека сегашната ерупција претставува непосредна закана за градот, соопштија властите.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

Исланд е дом на 33 активни вулкански системи, најголем број во Европа.

извор: https://www.theguardian.com/world/2023/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни