Евакуирани 198 луѓе од нуклеарката Бушер

Росатом соопшти дека уште 198 лица ја напуштиле нуклеарната централа Бушер во Иран, но евакуацијата била планирана и пред денешниот напад во близина на комплексот.

Речиси 200 луѓе денеска се евакуирани од иранската нуклеарна централа Бушер, но не како директна реакција на денешниот удар во нејзина близина. Руската државна нуклеарна компанија Росатом соопшти дека 198 лица го напуштиле постројката во рамки на претходно планирана евакуација, иако веста доаѓа само неколку часа откако Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека проектил погодил област блиску до периметарот на централата.

Според Reuters, Росатом и претходно најавил дека влегува во „финална фаза“ на извлекување на дел од својот персонал од Бушер, па денешната евакуација не почнала по денешниот инцидент, туку била дел од поширок безбедносен план поради војната.

Во исто време, ситуацијата околу Бушер останува чувствителна. Денешниот удар во близина на нуклеарката усмрти еден припадник на обезбедувањето, а една зграда била оштетена од ударен бран и фрагменти. Засега нема пораст на радијацијата, но шефот на Росатом Алексеј Лихачов оценил дека настаните се движат кон „најлошото можно сценарио“.

Бушер е единствената оперативна нуклеарна електрана во Иран и одамна е една од најчувствителните точки во актуелниот конфликт. Русија веќе со недели предупредува дека секој удар во нејзина близина може да предизвика катастрофални последици и бара воспоставување безбедносна зона околу комплексот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни