Индонезиските власти наредиле евакуација на селата околу вулканот Левотоби Лаки-Лаки на источниот дел од Индонезија по зголемување на вулканската активност.
„Резултатите од мониторингот и сеизмската активност покажаа нагли промени од вулканско потекло“, изјавил директорот на Индонезиската геолошка агенција, Мухамед Вафид.
Тој истакнал дека постои опасност од ерупција.
Девет луѓе загинаа во ерупцијата на овој вулкан на островот Флорес во ноември минатата година.
Индонезискиот архипелаг, кој се наоѓа на Пожарниот прстен на Пацификот, бележи чести сеизмски и вулкански активности.