Со евакуациски лет од Дубаи вратени уште 266 српски државјани

Со специјален лет на „Ер Србија“ ноќеска во Белград пристигнаа 266 патници, како дел од евакуацијата на српски државјани од региони погодени од кризата на Блискиот Исток.

Со втор специјален евакуациски лет на авиокомпанијата „Ер Србија“ од Дубаи, ноќеска во Белград безбедно се вратени 266 патници, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Ова е втор евакуациски лет од почетокот на кризата на Блискиот Исток. Делегацијата на Министерството за надворешни работи ја предводел помошникот министер Жељко Јовиќ, кој вчера рано наутро отпатувал кон Обединетите Арапски Емирати со цел да се организира уште еден воздушен мост меѓу Белград и регионот.

Според соопштението, евакуацијата на српските државјани кои побарале да се вратат од безбедносно ризичните подрачја започнала пред неколку дена, по иницијатива на претседателот на Србија Александар Вучиќ и со поддршка на националната авиокомпанија.

Јовиќ изјави дека во период на „тектонски промени во меѓународните односи“, кога се очекуваат нови кризи и ризици, Министерството за надворешни работи останува достапно 24 часа за сите српски граѓани низ светот.

Тој додаде дека институциите вложуваат значителни напори за да одговорат на барањата на граѓаните во најкраток можен рок.

Досега, во организација на Министерството за надворешни работи и „Ер Србија“, од Шарм ел Шеик и Дубаи се евакуирани вкупно 329 лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни