Ева Натена режисерката на „Жена-убиец“ го освои „Гран прито“ на меѓународниот филмски фестивал „КинеНова“

Со проекција на новото остварување „На се’ ќе дојде крај“ на легендарниот хрватски режисер Рајко Грлиќ, беше затворено предјубилејното издание на меѓународниот филмски фестивал „КинеНова“

Вчера вечер во Домот на културата „Билјана Беличанец“ (Киноверзум) во Кисела вода, со проекција на новото остварување „На се’ ќе дојде крај“ на легендарниот хрватски режисер Рајко Грлиќ, беше затворено предјубилејното издание на меѓународниот филмски фестивал „КинеНова“.

Пред тоа, интернационалното жири во состав Асимина Проедру (грчка режисерка), Дорина Оарга (романска продуцентка) и Јани Бојаџи (претседател) ги донесоа следниве одлуки, доделувајќи ги фестивалските награди „Златна грива“:

За најдобар краток филм беше прогласен „48 часа“ на иранската режисерка Азадех Мусави.

За најдобро сценарио, наградата повторно отиде кај иранската кинематографија, овој пат за приказната во филмот „Кафуле“ на Навид Михадуст.

За најдобар режисер е прогласен Хрватот Андреј Коровљев, за неговиот прв целовечерен игран филм „Хотел Пула“.

И на крајот, фестивалското „Гран при“ отиде во рацете на грчката режисерка Ева Натена за нејзиниот маестрален филм „Жена-убиец“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни