Делегацијата на ЕУ во Македонија Europe House им посака среќа на членовите на македонската делегација на Зимските олимписки игри во Милано.
„Годинeшниот настап е од историско значење за македонскиот спорт, бидејќи за прв пат државата ќе ја претставуваат четири олимпијци.
Јана Атанасовска – најмлада натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање, ќе се натпреварува во слалом и велеслалом; Виктор Петков ќе настапи во алпските дисциплини велеслалом и слалом;
Ставре Јада, како најискусен член на својата трета Олимпијада, ќе настапи во нордиските трки спринт и 10 км интервал старт; Ана Цветановска ќе се натпреварува во нордиските дисциплини спринт и 10 км интервал старт.
Честитки до нашите спортисти и им посакуваме успешни Олимписки игри!“ стои во објавата на Europe House.
Зимските олимписки игри започнуваат во сабота на шести февруари.
