Евроинс го претстави новото приватно здравствено осигурување „ActiveCare“

Новиот пакет нуди покритие за специјалистички прегледи, болничко лекување, бременост и превентивни услуги, а може да се склучи целосно онлајн.

Осигурителната компанија Евроинс на македонскиот пазар претстави нов пакет за приватно здравствено осигурување наречен „ActiveCare“, со кој има за цел да понуди поголема транспарентност и предвидливост за корисниците во период кога интересот за вакви услуги постојано расте.

Пакетот е креиран како одговор на реалните потреби на осигурениците, со посебен фокус на специјалистичко-консултативните прегледи и амбулантското лекување – услуги кои најчесто ги користат клиентите. „ActiveCare“ нуди висок годишен лимит за овие услуги без франшиза, како и покритие за болничко лекување со директна исплата кон водечките приватни здравствени установи во земјата, меѓу кои Систина, Жан Митрев и Ремедика.

„Пазарот денес бара повеќе од обична полиса – клиентите очекуваат решение кое ќе функционира кога им е најпотребно. Со ActiveCare се обидовме да создадеме баланс помеѓу одржливоста на продуктот и реалните очекувања на корисниците, со јасни правила, високи лимити и директна исплата кон болниците“, изјави Ралица Губерова, извршен директор на Евроинс Осигурување АД Скопје.

Покрај специјалистичките услуги и болничкото лекување, пакетот опфаќа и покритие за бременост, влезна возраст до 59 години, како и дополнителни услуги како психологија, стоматологија, физиотерапија и лекови. Во рамките на концептот е вклучен и лимит за превентивни прегледи, како и FitKit кредити во вредност од 3.000 денари, кои можат да се користат во спортски и фитнес центри низ државата.

Осигурувањето може да се склучи целосно онлајн преку платформата Kompa.mk, која овозможува споредба на осигурителни пакети. Од оваа платформа посочуваат дека токму анализата на барањата на корисниците помогнала во дизајнирањето на пакетот.

„Нашите анализи покажаа дека најголемиот предизвик за клиентите не е цената, туку сигурноста дека полисата навистина ќе покрие кога ќе им биде потребна. Токму овие сознанија беа основа за креирањето на ActiveCare“, изјави Дарјан Раденковиќ, основач на Kompa.

Со лансирањето на „ActiveCare“, Евроинс најавува и натамошен развој на модерни и дигитално достапни осигурителни решенија. Компанијата открива дека наскоро ќе претстави и нов производ – „Мини Каско“, кој ќе овозможи поправка на сопственото возило и во случаи кога возачот е виновен за сообраќајна штета.

Повеќе информации за пакетот „ActiveCare“ се достапни преку продажната мрежа на Евроинс и на платформата Kompa.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни