Еурофарм Пелистер вечерва гостува кај ПСЖ во ракометната Лига на шампиони

Еурофарм Пелистер во првото коло го победи Загреб, додека ПСЖ загуби од Магдебург.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер му гостуваат на ПСЖ во второто коло во Лигата на шампионите.

Во таборот на битолчани свесни се за силата на парижаните, но ветуваат максимално залагање во обид да се изненади големиот фаворит.

Натпреварот во Париз почнува во 20 часот и 45 минути.

Еурофарм Пелистер во првото коло го победи Загреб, додека ПСЖ загуби од Магдебург.

Во групата се осум екипи а шесте најдобро пласирани ќе обезбедат пласман во следната фаза.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни