ЕУ ја осуди забраната за пристап до Стариот град во Ерусалим

Европската унија ја критикува одлуката за ограничување на пристапот до светите места во Ерусалим, оценувајќи ја како прекршување на верските слободи.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас ја осуди одлуката на израелските власти за ограничување на пристапот до Стариот град во Ерусалим, оценувајќи ја како прекршување на верските слободи.

Таа посочи дека забраната за влез на латинскиот патријарх во Црквата на Светиот гроб за време на празникот Цветници претставува сериозно отстапување од долгогодишната пракса на заштита на светите места. Според неа, слободата на вероисповед мора да биде целосно гарантирана за сите религии, без исклучок.

Во изјава, Калас нагласи дека мултирелигискиот карактер на Ерусалим мора да се зачува, бидејќи градот има значење за повеќе верски заедници.

Од израелското Министерство за надворешни работи објаснија дека воведените безбедносни мерки во Стариот град се резултат на зголемените ризици, поврзани со претходни ракетни напади од страна на Иран. Според нив, густата населеност и сложената инфраструктура го прават подрачјето особено ранливо.

Латинскиот патријарх на Ерусалим Пјербатиста Пицабала изјави дека тој и старешината на храмот биле спречени да влезат и да служат миса, што, како што истакна, е преседан што не се случил со векови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни