ЕУ воведува царини на увоз на биодизел од Кина

Европската комисија одлучи да воведе дополнителни даноци, познати како антидампинг давачки, кои може да изнесуваат до 36,4 отсто за увозот на биодизел од Кина, соопшти Транспорт и животна средина. Биодизелот е обновливо биогориво произведено од растителни масла или животински масти, кое не мора да се користи исклучиво самостојно, туку може да се комбинира и со традиционалниот дизел.

Антидампинг давачките се даноци што една земја или економска унија, што е случај овде, ги наметнува на увезените производи што се продаваат по цени пониски од нивната нормална пазарна вредност, што може да ја наруши конкуренцијата и да им наштети на домашните индустрии.

Во овој случај, биодизелот се произведува од веќе искористено масло за јадење (UCO), но постои сомнеж дека дел од увезеното масло е погрешно означено и всушност е поевтино палмино масло, чие производство често се поврзува со уништување на шумите. Воведувањето на овие тарифи треба да помогне во заштитата на европското производство на биодизел од нелојална конкуренција и да се обезбедат фер пазарни услови, иако е под знак прашалник дали само даноците можат целосно да го решат проблемот.

Во последните две години, значителен дел од биодизелот што Европа го увезува доаѓа од Кина – дури 60 отсто од вкупниот над 80 отсто од вкупниот увоз на биодизел во Европа. Овој голем увоз од Кина доведе до драстичен пад на цените на европскиот пазар, од околу 2.250 евра за тон на само 1.100 евра, што предизвика проблеми на пазарот на биогорива, велат од Транспорт и животна средина.

Поради овие пазарни активности и преголемата зависност на Европа од нафтата од Кина, има повеќе предлози како, покрај даноците, да се проверат и производите што пристигнуваат на европскиот пазар. На овој начин ЕУ би го намалила ризикот од измама и би ја заштитила домашната индустрија од нелојална конкуренција, поддржувајќи одржливо и одговорно производство на биогорива.

Фото: pexels
Извор: Energetski portal

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни