ЕУ во 2024 година увезла производи од секторот на обновлива енергија вредни 14,6 милијарди евра

Европската унија увезе соларни панели, биогорива и ветроелектрани во вредност од 14,6 милијарди евра во 2024 година

Европската унија во текот на 2024 година увезла производи и технологии од секторот на обновливи извори на енергија во вкупна вредност од 14,6 милијарди евра, покажуваат најновите податоци објавени од Евростат.

Соларните панели биле најзастапени, со вредност од 11,1 милијарда евра. Следат течните биогорива со 2,9 милијарди и ветроелектрани со околу 0,5 милијарди евра.

Се намалуваат цените, но расте количината

И покрај падот на просечните цени на соларните панели, нивната вкупна количина на увоз пораснала за 2%, но вредноста паднала за 43% во споредба со 2023 година.

Вредноста на увезеното биогориво паднала за 25%, додека увозот на ветроелектрани скокнал за 102% – ЕУ увезла 32.373 турбини, што е 9.072 повеќе од претходната година.

Извозот на ЕУ: 5,3 милијарди евра

ЕУ извезла производи и технологии од обновливи извори на енергија во вредност од 5,3 милијарди евра, од кои: ветроелектрани – 2,8 милијарди, биогорива – 1,8 милијарди, соларни панели – 0,7 милијарди.

Кина и Индија – главни партнери на ЕУ

Кина останува доминантен снабдувач со соларни панели, со 98% од вкупниот увоз. Но, вредноста на увозот паднала од 19 милијарди евра во 2023 на 10,9 милијарди во 2024.

Биогорива: Кина: 24% од пазарот, Малезија: 15%, Велика Британија: 13%, Бразил: 12%.

Ветроелектрани: Индија и Кина заедно обезбедуваат речиси целиот увоз, Кина го зголемила уделот од 31% на 43%, а Индија бележи пад од 58% на 48%.

Извор: Евростат

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни