ЕУ увезе опрема за зелена енергија во вредност од 14,6 милијарди евра: Пад на увозот на соларни панели, скок на ветерните турбини

ЕУ увезе опрема за зелена енергија во вредност од 14,6 милијарди евра.

ЕУ увезе опрема за зелена енергија во вредност од 14,6 милијарди евра. Додека вредноста на увозот на соларни панели и течни биогорива се намали поради пониските цени, ветерните турбини забележаа значително зголемување на увозот и извозот. Кина останува клучен снабдувач на соларни панели, додека ветерните турбини најчесто доаѓаат од Индија.

Минатата година, Европската Унија увезе опрема за обновливи извори на енергија со вкупна вредност од 14,6 милијарди евра, објави Евростат. Најголемиот дел од таа вредност се однесува на соларни панели и течни биогорива, додека увозот на ветерни турбини беше значително помал, и по вредност и по количина, но тие, за разлика од другата опрема, забележаа зголемување на извозот.

Поголемиот дел од соларни панели и течни биогорива доаѓаат од Кина, додека ветерните турбини главно се увезуваат од Индија.

Во конкретни бројки, од земји надвор од ЕУ е увезено следново:

Соларни панели за 11,1 милијарди евра
Течни биогорива за 2,9 милијарди евра
Ветербурина за околу 500 милиони евра
Иако количината на увезени соларни панели се зголеми за 2%, нивната вкупна вредност се намали за 43% во споредба со 2023 година, што се припишува на значителен пад на цените.

Од друга страна, вредноста на увозот на ветерни турбини се дуплираше (зголемување од 102%), додека количината се зголеми за 113%.

Кина останува доминантен снабдувач на соларни панели, со дури 98% учество во вкупниот увоз, што е ист процент како и претходната година, иако вредноста на увозот од таа земја се намали од 19 на 10,9 милијарди евра.

Покрај Кина, течните биогорива најчесто доаѓаат од Малезија, Велика Британија и Бразил, додека во секторот на ветерни турбини Индија и Кина се водечки партнери, со учество од 48% и 43%.

Кога станува збор за извоз, во 2024 година ЕУ извезе:

Ветертурбини во вредност од 2,8 милијарди евра (зголемување од 41% во вредност и 28% во обем)
Течни биогорива за 1,8 милијарди евра (намалување од 18% во вредност и 7% во обем)
Соларни панели во вредност од 700 милиони евра (пад од 22% во вредност, но раст од 24% во обем)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни