ЕУ удри по порно сајтовите: Pornhub и други не гобезбедуваат доволна заштита на малолетниците

Европската комисија предупреди дека неколку големи порно платформи, меѓу кои Pornhub, XVideos, XNXX и Stripchat, не прават доволно за да ги заштитат малолетниците од пристап до експлицитна содржина.

Според наодите на Европската комисија, овие страници главно се потпираат на едноставно „кликнување“ со кое корисниците потврдуваат дека се постари од 18 години – метод што се оценува како неефикасен и лесно заобиколив.

Истрагата е спроведена во рамки на Законот за дигитални услуги (DSA), кој ги регулира онлајн платформите во ЕУ. Анализата се базира на интерни извештаи, податоци и документи доставени од самите компании.

Комисијата утврдила дека, иако платформите биле свесни за ризиците, често повеќе се фокусирале на деловни аспекти – како репутацијата – наместо на заштитата на децата.

Овој случај е дел од пошироката регулаторна офанзива на ЕУ кон технолошките платформи, со акцент на безбедноста на корисниците, особено на малолетниците. Со Законот за дигитални услуги (DSA), Брисел се обидува да воспостави построги стандарди за одговорност во дигиталниот простор.

Клучното прашање е верификацијата на возраста. ЕУ бара „робустни системи“ што ќе спречат деца да пристапуваат до ваква содржина, што може да значи воведување на технолошки решенија како дигитални идентитети или проверка преку документи.

Доколку се утврди дека платформите не ги почитуваат правилата, Европската комисија може да изрече казни до 6% од нивниот глобален годишен приход – што претставува сериозен финансиски удар.

Паралелно, националните регулатори низ ЕУ спроведуваат координирани акции против помали платформи, што покажува дека ова не е изолиран случај, туку системски проблем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни