„ЕУ треба да го отфрли климатскиот таргет за 2040 година“

Главниот европратеник за климатскиот закон повикува ЕУ да го отфрли таргетот за 2040 година. Се очекува жестока дебата во Европскиот парламент

Чешкиот европратеник Ондереј Кнотек, назначен како главен известувач за климатскиот закон во Европскиот парламент, изјави дека предложената цел на ЕУ за 90% намалување на емисиите до 2040 година „едноставно не е потребен“.

Кнотек, член на десничарската група Patriots for Europe (PfE), рече дека ќе се залага целосно да се отфрли предлогот на Европската комисија, без да предложи нова алтернатива.

„Европа не мора да биде предводник во борбата против климатските промени. Друга економија не презела такви обврски – зошто ние да брзаме?“ – изјави Кнотек.

Напад врз Зелената агенда

Кнотек ги доведе во прашање и амбициите на Европскиот зелен договор, според кој климатска неутралност треба да се постигне до 2050 година.

„Тоа можеби изгледаше реално во 2020-та, но сега, по 5 години, станува јасно дека е малку веројатно. Наместо брзо намалување на емисиите, треба да се фокусираме на адаптација кон климатските промени,“ рече тој.

Каква е ситуацијата во Парламентот?

Партијата PfE и други десничарски групи ја поддржуваат идејата за отфрлање на таргетот за 2040.

Левицата, Зелените, социјалдемократите и центристичката Renew Europe се остро против и бараат задржување на амбициозната климатска политика. Сѐ ќе зависи од Европската народна партија (EPP) – чија поддршка може да биде клучна

Што следува?

Комитетот за животна средина (ENVI) ќе гласа за извештајот на Кнотек на 23 септември. Евро-пратениците можат да предлагаат амандмани до 8 септември. Целиот Парламент ќе гласа во октомври. Потоа следат преговори со земјите-членки, каде Франција и Полска веќе изразија сомнеж.

ЕУ сакаше да го финализира овој закон пред COP30 во Бразил во ноември, но политичките поделби може сериозно да го забават процесот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни