ЕУ со повеќе златни медали од САД и Кина заедно

Спортистите од земјите-членки на ЕУ се покажаа како најуспешни на Олимписките игри во Париз освојувајќи неверојатно 309 медали, од кои 97 златни, 95 сребрени и 117 бронзени.

Тоа значи дека натпреварувачите кои доаѓаат од земјите на ЕУ освоија повеќе златни медали споредено со олимпијците од САД и Кина заедно.

САД и Кина беа земјите со најмногу златни медали во Париз, по 40, но кога ќе се земат сите 27 земји-членки на ЕУ, тогаш спортистите од Европската Унија освоиле повеќе златни медали од САД и Кина заедно, дури 97.

За ваквиот подвиг спортистите од ЕУ добија признание од Европската комисија, од каде што најавија дека со нетрпение го очекуваат и Параолимписките игри, кои ќе започнат во Париз на 28 август.

Најново

Последни колумни