Претседателката на Урсула Фон дер Лајен најави пакет „привремени и насочени мерки“ за намалување на цената на електричната енергија во Европската Унија, по наглиот раст предизвикан од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
По завршувањето на самитот на Европската Унија, таа истакна дека интервенциите ќе ги опфатат сите клучни фактори што ја формираат цената на струјата, производството, мрежната инфраструктура, даноците и системот за тргување со емисии.
Меѓу најважните мерки се државна поддршка за производителите на електрична енергија, како и законски измени за подобрување на ефикасноста на преносните мрежи. Посебен акцент ќе биде ставен на намалување на даноците и давачките за струја.
„Ќе предложиме намалување на даночните стапки за електричната енергија за тие да бидат пониски од оние за фосилните горива“, порача фон дер Лајен, додавајќи дека сегашните разлики меѓу земјите-членки се неодржливи.
Брисел планира и реформи на EU Emissions Trading System (ETS), кој досега помогна во намалување на зависноста од гас, но според Комисијата мора да стане пофлексибилен и прилагоден на новите услови.
Енергетската криза дополнително се влоши поради затворањето на Ормутскиот залив клучна рута преку која поминува околу 20% од светската нафта и течен природен гас. Нападите врз енергетската инфраструктура во регионот доведоа до нагло поскапување европските цени на гасот веќе се двојно повисоки во споредба со крајот на февруари.
Цената на нафтата Брентповторно расте, што дополнително го зголемува притисокот врз европските економии и домаќинства.
Долгорочно, Европската Унија останува фокусирана на намалување на зависноста од увоз на енергија преку забрзување на инвестициите во обновливи извори и локално производство, со цел да се избегнат вакви ценовни шокови во иднина.