ЕУ се подготвува да воведе царини на американски производи во вредност од околу 100 милијарди евра како одговор на Трамп

ЕУ се надева дека ќе постигне договор со Вашингтон за да избегне трговска војна, но сака да биде подготвена да возврати доколку преговорите не успеат.

Европската унија (ЕУ) се подготвува да воведе царини на американски производи во вредност од околу 100 милијарди евра, како одговор на царините на претседателот на САД, Доналд Трамп, доколку пропаднат преговорите, соопштија денеска европски дипломати за Франс прес.

Американскиот претседател од март најави повеќе царински мерки. Трамп одлучи да воведе дополнителни царини од 20 проценти на најголемиот дел од увозот од Европа, но нивната примена е суспендирана до јули, во обид да се најде решение за трговскиот спор.

Моментално, основната царинска стапка од 10 проценти што ја пропиша Трамп сè уште се применува на стоките што ЕУ ги извезува во САД. Челикот, алуминиумот и автомобилите од Европа дури се соочуваат со дополнителна царина од 25 проценти.

ЕУ се надева дека ќе постигне договор со Вашингтон за да избегне трговска војна, но сака да биде подготвена да возврати доколку преговорите не успеат.

Европската комисија, која ја води трговската политика на ЕУ, минатата недела ги информираше земјите-членки дека ќе насочи зголемени царини кон американски производи и така ќе оствари приход од речиси 100 милијарди евра, како одговор на најавените американски царини од 20 проценти, доколку не се постигне договор, изјавија дипломатски извори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни