ЕУ ги продолжи санкциите против Русија до јули 2026 година

Европскиот совет ги обнови рестриктивните мерки поради, како што наведува, континуираните дејства на Москва што ја дестабилизираат Украина
Русија Украина и Еу односи
Centre for European Reform

Европски совет денеска одлучи да ги продолжи рестриктивните мерки на Европската унија против Русија за дополнителни шест месеци, односно до 31 јули 2026 година, поради, како што се наведува, континуираните активности на Руската Федерација кои ја дестабилизираат состојбата во Украина.

Според информациите објавени на официјалната веб-страница на Европскиот совет, економските санкции опфаќаат широк спектар секторски мерки, меѓу кои ограничувања во трговијата, финансискиот сектор, енергетиката, технологијата и производите со двојна намена, како и во индустријата, транспортот и трговијата со луксузни производи.

Забрани за нафта, банки и медиуми

Мерките, меѓу другото, вклучуваат: забрана за увоз и трансфер на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, исклучување на повеќе руски банки од системот SWIFT, суспензија на емитувањето и одземање на лиценците на неколку медиуми поддржани од Кремљ, кои Европската унија ги оценува како дезинформативни, како и дополнителни механизми за спречување на заобиколување на санкциите.

Од Европскиот совет потсетуваат дека овие економски мерки првпат биле воведени во 2014 година, а значително проширени од февруари 2022 година, како одговор на, како што ја квалификуваат, „ од ништо испровоцираната, неоправдана и незаконска воена агресија“ на Русија врз Украина.

Санкциите остануваат додека трае кршењето на меѓународното право

Во соопштението се наведува дека Европската унија ќе продолжи да ги задржува постојните мерки или да воведува дополнителни, доколку е потребно, сè додека, како што се истакнува, „незаконските дејства на Руската Федерација продолжуваат да ги кршат основните принципи на меѓународното право, вклучително и забраната за употреба на сила“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни