По масакрите во Дарфур: ЕУ го санкционира командантот на суданската паравојска

Брисел воведе санкции за вториот човек во паравоените сили на Судан, поради тешки злосторства и напад врз цивилното население.

Европската унија воведе санкции против Абдел-Рахим Хамдан Дагало, заменик-командант на паравоените Rapid Support Forces (RSF), поради злосторства извршени од неговите сили во регионот Дарфур.
Според соопштението од Брисел, санкциите вклучуваат забрана за патување низ сите земји-членки на ЕУ и замрзнување на средствата што се поврзуваат со него или со организации под негов надзор.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кaja Kallas, изјави дека оваа мерка е „јасен сигнал дека Европа нема да ги игнорира систематските напади врз цивили“. Таа предупреди дека состојбата во западен Судан „се влошува со секој ден“, а падот на градот El Fasher означува нова ескалација на насилството.

Во конфликтот кој трае од 2023 година, паравоените сили RSF и суданската армија се борат за контрола врз државата. Според Обединетите нации, повеќе од 10 000 лица се убиени, а над 7 милиони се раселени, што го прави овој судир една од најтешките хуманитарни кризи во светот.

Европската унија најави дека ќе продолжи со координација со Обединетите нации и Африканската унија за воведување на дополнителни мерки против сите чинители кои учествуваат во злосторства и блокираат мировни преговори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни