Европска унија соопшти дека очекува новата влада во Приштина без одлагања и без поставување услови да ги спроведе сите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација, како и од сите претходни договори постигнати во рамки на дијалогот со Белград.
Во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос, објавена по вчерашните избори за Собранието на привремените институции во Приштина, се нагласува дека нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина останува клучен услов за европски напредок.
„Очекуваме сите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација, како и сите претходни договори од дијалогот, да бидат спроведени без понатамошни одлагања или предуслови. Европската унија е подготвена да биде домаќин на состанок на високо ниво кога условите ќе го дозволат тоа“, се наведува во изјавата објавена на веб-страницата на Европска комисија.
Од Брисел повторуваат дека дијалогот со посредство на ЕУ е единствениот пат преку кој и Белград и Приштина можат да постигнат одржлив напредок во процесот на европска интеграција.