ЕУ предлага нула царини за индустриските артикли

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека американските царини ќе имаат огромно влијание како врз европските бизниси и потрошувачи, така и врз глобалната економија.

Таа најави дека ЕК подготвува список со можни активности како одговор на американските царини.

– ЕУ веќе подолго време предлага нула царини за индустриски стоки, но досега не добила соодветен одговор од Вашингтон. Секогаш сме подготвени за добра зделка, оваа понуда важи, истакна Лејен. 

Таа додаде дека ЕУ е „подготвена за преговори, подготвени сме и за контрамерки и акции против индиректното влијание на царините“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни