ЕУ постигнала суфицит од 4,7 милијарди евра во извозот на железо и челик во 2024 година

Европската унија минатата година извезла железо, челик и сродни производи во вредност од 77,8 милијарди евра.

Годишната вредност на увозот на овие производи изнесува 73,1 милијарди евра, така што во овој сегмент на трговијата е забележан суфицит од 4,7 милијарди евра, соопшти денеска Евростат.


Во однос на 2019 година, вредноста на извозот на горенаведените производи е зголемена за 15,2 отсто, а на увозот за 23,7 отсто, пред се поради порастот на цените.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни