Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија ќе обезбеди хуманитарна помош за Либан во вредност од 100 милиони евра.
Таа тоа го соопшти по телефонски разговор со либанскиот претседател Џозеф Аун, јавува Ројтерс.
„Европската унија веќе испрати 40 тони помош за Либан и планира дополнителни хуманитарни летови“, изјави Урсула фон дер Лајен.
Таа изрази солидарност на Европската унија со оваа блискоисточна земја, која се најде во воена ситуација откако проиранското движење Хезболах го нападна Израел како одмазда за американско-израелските напади врз Иран.
По нападите, Израел продолжи да гаѓа цели на Хезболах во Либан, што дополнително ја влоши безбедносната ситуација во регионот.