EU планира субвенции за електрични автомобили: Дали е тоа обид за спас на германската автоиндустрија?

Следните неколку години ќе бидат клучни за опстанокот во трката за чиста и нова технологија, а Европа има она што е потребно за тоа да се случи

Европската унија планира да воведе нови субвенции за купување електрични автомобили во сите земји членки. Германскиот канцелар Олаф Шолц го потврди предложеното на говорот на Светскиот економски форум во Давос.

Во многу земји на ЕУ беа укинати националните субвенции за електрични автомобили, што доведе до пад на продажбата. Сега изгледа дека Унијата ќе го обнови овој тренд со заеднички европски напори.

„Среќен сум што претседателката на Комисијата го прифати мојот предлог за усогласена поддршка на електричните автомобили низ цела Европа“, рече Шолц, пренесува Bloomberg.

Предлогот вклучува таканаречен бонус за купување за сите што ќе купат електричен автомобил во некоја од земјите на ЕУ. Со тоа, ЕУ оди во спротивен правец од САД, каде беа укинати субвенциите за електрични автомобили.

За германската автомобилска индустрија, која е под голем притисок, ова би било голема помош.

„Електричната мобилност е иднината, за тоа нема сомнение. Секој што сугерира поинаку и штети на нашата индустрија“, изјави Шолц.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го истакна значењето на придржувањето кон амбициозните климатски цели во автоиндустријата.

„Следните неколку години ќе бидат клучни за опстанокот во трката за чиста и нова технологија, а Европа има она што е потребно за тоа да се случи“, изјави фон дер Лајен за време на состанокот во Давос.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни