ЕУ ја осуди забраната за пристап до Стариот град во Ерусалим. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Kаја Калас, ја осуди забраната за пристап до цркватаво Ерусалим, оценувајќи ја како прекршување на верските слободи.
„Одлуката на израелската полиција да му забрани на латинскиот патријарх на Ерусалим влез во Црквата на Светиот Гроб претставува кршење на верските слободи и долгогодишната заштита што ги опкружува светите места“, напиша Каја Калас на социјалните мрежи.
Таа додаде дека слободата на вероисповед во Ерусалим мора целосно да биде гарантирана, без исклучоци, за сите религии.
„Мултирелигискиот карактер на Ерусалим мора да биде заштитен“, истакна таа.
Претходно,израелскиот министер за надворешни работи соопшти дека безбедносните мерки во Стариот град на Ерусалим се „директна последица од иранските ракетни напади“.
Латинскиот патријарх на Ерусалим, изјави дека израелската полиција го спречила него и поглаварот на Црквата на Светиот Гроб да влезат во светото место за да служат миса на празникот Цветници, една недела пред Велигден според грегоријанскиот календар.
Тие додадоа дека вакво нешто не се случило во последните неколку векови.
„Како што е познато, Иран повеќепати го бомбардираше Стариот град, погодувајќи локации во близина на Црквата на Светиот Гроб, Al-Aqsa џамијата и Western Wall“, се наведува во соопштението на израелското министерство.
Се додава дека ризикот од големи напади во Стариот град е особено висок поради густата населeност и тешкотијата за брза реакција во случај на инцидент.