ЕУ и Кина почнаа преговори за укинување на царините за електричните автомобили

Европската унија и Кина почнаа преговори за укинување на царините за увоз на кинески електрични автомобили, објави германскиот весник Handelsblatt, а пренесе Ројтерс.
Фото: Matti Blume (CC BY-SA or GFDL), via Wikimedia Commons

Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ се сретна со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао за време на посетата на Пекинг кон крајот на март и двете страни се согласија да го решат спорот за царините на ЕУ преку преговори, пишува Handelsblatt.

Европската унија воведе царини за кинеските електрични автомобили (ЕВ) кон крајот на минатата година, објаснувајќи дека тие се неопходни за да се спротивстави на евтините кредити, земјиштето и суровини и други субвенции. Целта не беше да се исклучат кинеските производители на автомобили, туку да се создаде рамнотежа на пазарот.

Европската комисија изјави дека е подготвена да ги продолжи преговорите со Кина за алтернативи на царините.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни