ЕУ го започнува најголемиот инфраструктурен проект во историјата – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи

ЕУ гради најголем инфраструктурен проект во европската историја: Вредност 546 милијарди евра, ќе ги поврзе сите поголеми градови

Европа ќе биде поврзана како никогаш досега во следните 20 години. Имено, Европската Унија планира да изгради континентална мрежа на брзи железници, која ќе ги поврзе сите престолнини и големи урбани центри.

Проектот, наречен Европска мрежа на брзи железници, кој го промовира здружението CER (Заедница на европски железнички и инфраструктурни компании), наскоро треба да добие официјално одобрување од Европската комисија. Станува збор за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на ЕУ, вреден 546 милијарди евра, со цел создавање побрз, позелен и поотпорен транспортен систем.

Над 49.400 километри брзи железнички линии

Планот предвидува изградба и модернизација на повеќе од 49.400 километри железнички пруги, каде што возовите ќе се движат со брзини од 250 до 350 километри на час. Новата мрежа ќе ги опфати сите главни градови, како и големи градски подрачја со повеќе од 250.000 жители – како Солун, Љубљана, Краков или Марсеј.

Алберто Макола, извршен директор на CER, истакна дека целта на проектот е железницата да стане главен облик на транспорт во Европа. Според проценките на CER, во иднина 50% од патувањата на долги релации ќе се одвиваат со брзи возови, додека 20% ќе користат стандардни линии.

„Брзата железница – столб на европскиот зелен транспорт“

И покрај децениските вложувања, Макола предупредува дека Европа и понатаму се соочува со сериозен инфраструктурен јаз. Проектот е во целосна согласност со Европскиот зелен план, кој има за цел намалување на емисијата на стакленички гасови од транспортот за 90% до 2050 година.

Планирано е патувањето од Атина до Истанбул да трае само четири часа, а од Мадрид до Милано помалку од шест часа. Брзите возови би станале вистинска конкуренција на авионскиот сообраќај на пократки релации, со значително помало загадување и еколошки отпечаток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни